Во Салзбург, Австрија започнува судењето на двајца браќа од Босна и Херцеговина кои се сомничат дека во неколку кражби се стекнаше со плен вреден дури 1,2 милиони евра.
Обвинителството има докази дека двајцата браќа украле 350.000 евра во кеш, а листата на кражби е долга.
Во една дрогерија украле 20.000 евра, во продавница за спортска опрема 23.000 евра. Имале украдено околу 200 парчиња брендирана спортска опрема во вредност од 8.000 евра, а во некоја продавница за накит украле роба во вредност од 60.000 евра.
Се ова и уште неколку други кражби, вклучувајќи и кражби на автомобили, двајцата браќа го направиле за шест месеци, колку што биле активни пред да ги уапсат.