Џон Хигинс од Велика Британија е поразен на шокантен начин од Марк Дејвис со 6:5 во фрејмови.
Иако губеше со 5:2, на неверојатен начин успеа да се врати во мечот и да изедначи на 5:5, освои и максимален брејк од 147 поени, негов седми во кариерата.
На крајот при резултат 52:47 во корист на Дејвис, Хигинс беше на потез, а на масата беа само розевата и црната, имаше идеална позиција да погоди, но тој ја промаши розевата топка, кога сите го видоа во четвртфиналето.
„Не очекував да промаши, мислев дека е крај за мене, но се случуваат и такви работи“, рече Дејвис, кој во четвртфиналето ќе игра против Метју Стивенс.
Џон Хигинс пред две сезони во финалето на неверојатен начин го совлада Марк Вилијамс со 10:9, иако на мечот имаше негатива од 7:2.