Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Од:

Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, коментира дека доколку Иванов не го додели мандатот на СДСМ, ќе направи грешка која што ќе ги поткопа Уставот и демократските принципи.

„Интересно се развиваат работите во Македонија – лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски не успеа да формира нова влада. Тој не успеа бидејќи не можеше да договори компромис со албанските партии, особено со ДУИ. Да, ВМРО ДПМНЕ сака да владее, но под нивни услови, да ги смета албанските граѓани за граѓани од втор ред, им требаат само за кворум, но би оделе и без нив доколку можат.

Сега чекаме претседателот да го додели мандатот на некој друг. Иако Уставот не е јасен околу тоа, јасно е дека во линија со меѓународно прифатените демократски стандарди, мандатот треба да го добие втората партија. Груевски не се договараше како индивидуа, туку како лидер на ВМРО ДПМНЕ, претставувајќи ја партијата во преговорите за нова влада.

Да се избере некој друг од истата партија би било огромна грешка, против духот на Уставот, против демократските стандарди и ќе резултира со нови одложувања.

Доколку претседателот избере некој друг од ВМРО ДПМНЕ да му го додели мандатот, ќе биде јасен сигнал дека тие се веќе договорени за нови избори, овој пат одржани заедно со локалните избори, надевајќи се дека ќе победат на двете.

Суверенитетот е една работа, но меѓународната заедница, вклучувајќи ја и ЕУ, не смее да остане нема доколку не се исполнат основните демократски стандарди. Да не заборавиме дека Македонија има амбиција еден ден да стане членка на ЕУ и НАТО, две организации каде што демократските стандарди се критични за сите кои што сакаат да се приклучат“ напиша Питер Ванхауте.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ванхауте ги открива намерите на Заев

Наум Локоски

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он