ЕУ ќе се погрижи Европејците да не бидат погодени од извршната наредба на Трамп

Од:

Европската Унија ќе обезбеди нејзините граѓани да не бидат погодени од „дискриминацијата од кој било вид“, предизвикана од наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД на државјаните од седум мнозинско муслимански земји, соопшти денеска Европската комисија.

– Нашите адвокати се во контакт со нашите ЕУ партнери и другите, и секако дека ќе се погрижиме да нема дискриминација кон нашите граѓани, изјави на прес-конференција портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.

Британските медиуми наведуваат дека Шинас кажал дека ЕУ ја анализира наредбата на американскиот претседател за да се утврди дали оваа мерка ќе ги погоди и Европејците.

Шинас наведе дека ЕУ добива „различни сигнали“ за тоа дали оваа забрана ќе влијае врз граѓаните на Унијата со двојно државјанство од погодените земји.

Коментирајќи го потегот на Трамп, Шинас рече дека ЕУ не прави дискриминација врз основа на раса, националност или вера меѓу луѓето кои доаѓаат на територијата на Унијата.

Американскиот претседател во петокот ја донесе извршната наредба за имиграција со која на државјаните од седум земји – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија – во следните три месеци нема да им се издаваат визи, додека сириските бегалци добија забранет влез во САД на неодредено време.

Трамп наредбата ја образложи со неговата желба да ги спречи „радикалните исламски терористи“ да влезат во САД.

Оваа одлука, меѓутоа, предизвика бурни реакции и протести ширум САД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја