Изминатиов викенд се случиле две големи кражби, едната во населба Илинден, а другата во село Братиндол, битолско.
Според извештаите од МВР лицето Д.Т. од населба Илинден пријавило дека во периодот помеѓу 26 и 28 јануари од неговиот дом биле украдени 1.200.000 денари, 10.000 евра и 2.000 американски долари, разновиден златен накит и седум парфеми од метален сеф. Во друга соба пронашол и одзел и женски паричник во кој имало 2.000 долари, 3.000 денари и 270 српски динари.
Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на овој случај.
Во село Братиндол, битолско пак, на 29 јануари со насилно отворање на еден од прозорите во куќата на Б.И. непознат сторител одзел 341.000 денари, 5.740 австралиски долари, 300 канадски долари, 4.120 евра и златно ланче со привезоци. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување и на овој случај.