Економски форум „Родово еднакви плати за поголем економски раст“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на организацијата Finance Think.
Во рамки на форумот ќе се одржи панел дискусија за предизвиците и решенијата на родовиот јаз во плати. Учесници се Ева Мариа Бургер од Министерството за образование и жени од Австрија, Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Емил Костадиновски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот во Македонија.
Исто така ќе бидат промовирани Прирачникот за пресметка на правична плата, „Show card“ со препораки, веб платформата edplako.mk, а ќе се презентираат и компании кои исплаќаат родово еднаква плата.