Египетската армија презеде обврска да не употреби сила против демонстрантите

Од:

Египетската армија денеска презеде обврска да не прибегнува кон употреба на сила против демонстрантите, откако пред претседателската палата размести тенкови заради ноќешните судири во кои имаше и жртви, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на египетските гласила.

Генерал Мухамед Заки, командант на републиканската гарда која го обезбедува претседателот, изјави дека „вооружените сили и републиканската гарда нема да бидат средство во расправата со демонстрантите“, забележуваат египетските медиуми.

Повикувајќи на спокојство, генерал Заки подвлече дека силите пред дворецот се доведени за да ги спречат новите судири меѓу приврзениците и противниците на Морси, а не за да ги задушат протестите, посочуваат британските медиуми.

Советник на претседателот Мухамед Морси, кој посакал анонимност, соопшти дека денеска шефот на државата ќе има обраќање кон своите сонародници. Се очекува во телевизиското обраќање Морси да и поддаде рака на опозицијата и да ја повика на дијалог, рече советникот, без да прецизира дали претседателот ќе даде нови предлози.„Мноштво идеи има на масата“, додаде тој.

Водачот на „Муслиманско братство“ Мухамед Бадие предупреди на опасноста од поделба во Египет. Во изјавата, објавена на сајтот на организацијата што Морси го доведе на власт, Бадие повика на единство, истакнувајќи дека поделбата единствено им служи на непријателите на земјата.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски