Ограбено момче во паркот „Жена борец“ во Скопје

Од:

Во паркот „Жена борец“ во Скопје е ограбен 16-годишник од страна на две непознати лица кои му ја одзеле јакната и мобилниот телефон.

Кражбата се случила во петокот вечер, а случајот во полициската станиcа Центар го пријавил вчера таткото на момчето.

Крадците со боксирач и нож му се заканиле на момчето, кое било со уште еден другар, дека физички ќе го нападнат доколку не ја соблече јакната и не им ја даде. Момчето ја соблекло јакната, во која му бил и мобилниот телефон со слушалки, по што разбојниците побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра