Американскиот претседател оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, што претставува прв нивен официјален контакт.
По разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел, што треше 45 минути, претседателот на САД разговара со третиот од петте лидери, претседателот на Русија Путин, напиша портпролот на Белата куќа Шон Спајсер на неговиот Твитер налог, за време на разговорот.
Високиот советник во Белата куќа Келиен Конвеј изјави претходно дека, Трамп и Путин веројатно ќе разговараат за голем број теми, вклучително и американските санкции против Москва и заедничките напори во борбата со тероризмот.