Иранскиот претседател со идиректна критика до Трамп

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани упати денеска идиректна критика до американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека „поминало времето за изградба на ѕидови меѓу различните земји“, јави БТА.

Рохани сепак не реагираше директно на одлуката на Трамп за тримесечна забрана за влез во САД за државјани на седум муслимански земји, меѓу кои и Иран.

– Денес повќе не е време кога треба да се градат ѕидови меѓу нациите. Тие заборавија дека Берлинскиот ѕид се урна пред повеќе години, рече Рохани во обраќање емитувано на државната телевизија.

– Ѕидовите меѓу народите треба да се урнат. Денешниот свет не е свет, во кој се интензивираат разликите меѓу нациите, додаде тој.

Иран и САД не одржуваат дипломтски односи повеќе од 37 години, но во САД живеат околу еден милион Иранци, според официјалните податоци на Техеран.

Рохани денеска говореше на Меѓународна коференција за туризам, на која изјави и дека откако ја потпишал нуклеарната спогодба за големите сили во 2015 година Иран ги отворил вратите за туристи од странство.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Камп на американската армија кај Багдад погоден со четири ракети

Лидерот на Фатах цел на израелски напад, се разгорува војната со Хезболах

Предраг Петровиќ

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците