Рускиот центар за помирување во Сирија достави помош за 4.300 цивили во околината на Алепо

Од:

Рускиот центар за помирување на завојуваните страни во Сирија соопшти денеска дека во изминатите 24 часа доставил хуманитарна помош за 4.300 цивили во шест области, кои се наоѓаат во околината на Алепо, јави ТАСС.

– Во областите источно од Алепо, Центарот достави топли оброци до народните кујни и основни средства за цивилите. Доставени се 3.800 тони леб и околу 1.500 топли оброци. Вкупно 4.400 тони помош, се вели во соопштението.

Руските специјалци за отстранување бомби ги истражуваат зградите, улиците и клучната инфраструктура во источно Алепо, со цел да ги отстранат експлозивните направи.

– Во изминатите 24 часа руските специјалци отстраниле мини и неексплодирани бомби од 58 куќи и 15 километарски патишта. Од мини се исчистени вкупно 70 хектари, наведе Центарот.

Би можело да ве интересира

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми