Првиот натпревар од втората фаза од женската ракометна Лига на шампиони одигран вечерва меѓу европскиот првак Букурешт и Ларвик заврши нерешено 26:26 (12:13).
На вечерашниот дуел Ларвик имаше шанса за победа. Израмнувачкиот гол Букурешт го постигна преку Жонсиан Ноумба на 15 секунди до крајот, а во последните секунди Ларвик не упати прецизен удар кон голот на Букурешт. Изабел Гулден од Букурешт и Аманда Куртовиќ од Ларвик со по 7 голови беа најефикасни на дуелот.
Од првото коло од главната фаза другите дуели се играат утре и во недела, кога е на програмата и натпреварот на македонскиот шампион ЖРК Вардар на гости во Подгорица кај Будуќност.
Двојки од првото коло:
Група 1: Мец – ФТЦ (сабота), Турингер – Астраханочка и Будуќност – ЖРК Вардар (недела).
Табела: Вардар 7 бодови, Будуќност 6, ФТЦ 5, Мец 4, Турингер 2, Астраханочка 0.
Група 2: Букурешт – Ларвик 26:26, Ѓер – Крим (сабота), Митјиланд – Есбјерг (недела).
Табела: Ѓер 6, Крим 6, Ларвик 5, Митјиланд 4, Букурешт 3, Есбјерг 2