Американскиот кошаркар, Акил Мичел, кој настапува во австралиската НБЛ за тимот на Њу Зеланд Брејкерс, доживеа навистина стравична повреда после дуел со противнички играч.
Тој добил удар во пределот на главата, по што неговото око излегло од очната шуплина, но за среќа неговата повреда е санирана и нема никакви последици.
„Моето око беше надвор и тоа беше навистина болно. Почувствував како добивам удар во окото и кога ги отворив очите гледав се, но беше навистина чудно бидејќи окото ми беше надвор и не можев да го затворам“ изјави Мичел.
Тој веднаш бил изнесен од теренот и пренесен во болница, каде што докторите не забележале никави оштетувања, а додека бил примен во болницата окото веќе му било вратено на место.
„После пет или десет минути почувствував како окото се враќа на своето место. Почувствував некое олеснување и можев повторно да трепкам“ вели кошаркарот.