Повлечен учебник со антисемитска содржина во Германија

Од:

Издавачката куќа од Берлин „Клет – Ферлаг“ денеска јавно се извини за употребата на антисемитска илустрација во текст за еврокризата и најави дека ќе ги замени сите уличилишни книги во кои ште е објавена сликата.

Компанијата смета дека направила „жална грешка“ која што ќе биде поправена во наредното издание на учебникот кој повторно ќе се печати за неколку години. Според блогерот Филип Фрох сликата на која што покрај симболот со зборовите „Ротшилд банка“ еврото е претставено како ја јаде Европа е класична антисемитска конспиративна теорија која што ја користеле и нацистите, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Идејата за еврејската банкарска фамилија која што го контролира светот за свои лични интереси е дел од теоријата зад која што започна погромот на Евреите пред втората светска војна. Автор на илустрацијата во учебникот е озлогласениот американски цртач Давид Деес кој што во 2008 година во САД се соочил со обвинувања за антисемитизам и промовирање на завери. Учебникот кој издавачот го нарече сериозна грешка во германските училишта се користи од 2012 година, а во него се обработува темата политика.

Би можело да ве интересира

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Хорор во Германија, 13-годишно девојче ја уби својата седумгодишна сестра

А1он

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Мицкоски: Имавме продуктивен состанок со германската Стопанска комора