(ВИДЕО) Димитриевски: Војниците нема да работат во искинати униформи

Од:

„Сакам да порачам дека достоинството на припадниците на Армијата ќе го вратиме!

Недозволиво, безобразно и несовесно е на овие поларни временски услови и екстремно ниски температури, припадниците на АРМ да работат во искинати и распаднати униформи! Да носат дотраена опрема!
Погледнете само во какви униформи работат!

Искинати и дотраени униформи, се затоплуваат на ќумбиња како во 19-ти век, покрај ќумбињата стојат по 15 војници кои се загреваат.

Такви се информации од војниците кои што доаѓаа директно од касарните. Велат војниците во касарните нема греење!

Погледнете на какви ќумбиња се затоплуваа и се уште се затоплуваат!

На ништо од ова не реагира досегашната власт во заминување. Напротив, министерот за одбрана, Јолевски и началникот на ГШ, Величковски, повеќе денови се на службени патувања надвор од државава, а и кога се тука си ја префрлуваат одговорноста еден на друг.

Војниците 10 години се оставени да работат во несоодветни, понижувачки услови, иако ја извршува најодговорната задача во државата заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија. Со истите униформи и обувки помагаа на граѓаните во поплавите,а со истите помагаат и денеска во овој снег. Со голи раце, наместо со соодветна механизација.

Сето ова е резултат на неодговорната криминална власт којашто ја оддалечи АРМ од стандардите на НАТО, како што ја оддалечи и Република Македонија од членството во НАТО.

Затоа припадниците на АРМ, како и мнозинството граѓани гласаа за промени. И затоа мнозинската волја на граѓаните мора да биде преточена во институциите.

Итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија, којашто ќе води реално остварливи политики и којашто ќе обезбеди и на припадниците на Армијата и на сите луѓе во државата евро-атлантски перспективи“, изјави Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски