А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Штипски „Исар“ ги исклучува фирмите кои не платиле за потрошената вода

by А1он27/01/2017 - 14:0299
Share0

Штипското комунално претпријатие „Исар“ од денеска почна со акцијата за исклучување од водоводната мрежа на фирмите и домаќинствата, кои не си ги платиле сметките, а претходно добиле опомена. Раководителот на работната единица „Водовод и канализација“, Бранко Горгиев вели дека денеска од водоводната мрежа исклучуваат десетина приватни фирми, но и државни институции, чиј вкупен долг изнесува околу 50.000 евра.

Добивај вести на вибер

– Согласно Законот за водоснабдување, исклучување следува за повеќе од две неплатени сметки, иако во практика не го правиме тоа. Никогаш не сме исклучиле некого за неплатени две, три или четири сметки. ЈП „Исар со секоја доставена фактура наведува и износ што корисникот го должи ако таков износ постои, вели Горгиев.

Тој истакна дека оваа мерка ја преземаат, бидејќи граѓаните и фирмите треба да си го платат својот долг за потрошена вода за пиење, а доколку наплатата е лоша претпријатието нема да биде во можност да инвестира во реконструкции на застарени линии, нема да биде во можност да изведува нови водоводни и канализациски мрежи и нема да има средства со кои ќе ги купува потребните материјали, алати, машини и теренски возила со кои се вршат комуналните услуги кон граѓаните и фирмите.

Горгиев апелира граѓаните и фирмите да си ги подмируваат долговите, затоа што наплатата преку судски пат и со извршители значи и дополнителни трошоци.

stip

Би можело да ве интересира

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

Горан Наумовски07/05/2026 - 17:38

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 09:5830/04/2026 - 12:30

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:47

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто