14 нови санитетски возила на службата за Итната медицинска помош ставени во функција

Од:

Четиринаесет нови санитетски возила на Службата за Итна медицинска помош (ИМП) при ЈЗУ Здравствен дом-Скопје од вчера се ставени во функција. Санитетските возила се набавени во рамки на проектот за опремување на службите за ИМП реализиран  од страна на Владата и Министерството за здравство.

Од Здравствен дом-Скопје соопштија дека граѓаните во градот Скопје и во Републиката ќе можат да добијат поквалитетни здравствени услуги во однос на прехоспиталната ургентна медицина.

Санитетските возила, како што се наведува, се според европските  стандарди, ги задоволуваат еколошките критериуми и  располагаат со најсовремени системи за стабилност. Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема: респираторно аспираторен систем, дефибрилатор, сет за реанимација, апарат за мерење на гликемија во крвта, сетови за имобилизација на скршеници, повеќенаменски носилки за извлекување и пренесување на повредени и системи за довод на кислород, воздушен душек и друга потребна опрема.

Во тек е и континуирана медицинска едукација за медицинските екипи од Службата за ИМП при Здравствен дом – Скопје.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство