Турција протестира против одлуката на Грција да не ги испорача избеганите војници

Од:

Турското Министерство за надворешни работи денеска протестираше против одлуката на грчките власти кои одбија да и ги предадат на Анкара турските војници кои избегале од земјата по обидот за пуч на 15 јули минатата година.

Грчкиот Врховен суд се произнесе денеска против екстадицијата на осумте турски војници, кои беа обвинети од страна на Анкара дека се вмешани во обидот за преврат.

„Ние протестираме против одлуката на грчкиот суд, што со ова спречува виновниците да застанат пред лицето на правдата. Таа позиција на грчките власти отвора пат кон нарушување на нормите на меѓународното законодавство и правата на настраданите при обидот за преврат, а исто така и кон тоа, што виновните нема да бидат казнети“ стои во соопштението на турското Министерство.

Турското Министерство за надворешни работи исто така наведе дека Грција ги заштитува учесниците во обидот за преврат и покажува пропусти во борбата против тероризмот.

Турското Министерство истакна дека Турција ќе продолжи со напорите со цел да ја обезбеди екстрадицијата.

Претходно денеска, турските власти издадоа наредба за апсење на осумте војници, кои избегаа во Грција по обидот за преврат во Турција во јули минатата година, јави БТА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент