Хуманитарна забава за малиот Лука

Од:

Вчеравечер во Brick Bar се одржа хуманитарната забава за малиот Лука. Во опуштена атмосфера и со убава музика, многу хумани луѓе се собраа да дадат поддршка на семејството Јовановски, чиј најмлад член треба да се соочи со тешка операција надвор од сопствената држава.

Лука Јовановски боледува од MALIGNANT NEOPLASM OF EYE AND ADNEXA. Овој редок вид рак –Retinoblastoma, што најчесто ги напаѓа малите дечиња, успешно се лекува во Истанбул, Турција. Операцијата чини 20.000 евра и што побрзо се соберат – тоа подобро.

Лука ќе полни две години на 3ти март. Ние му посакавме до вториот роденден да биде завршена оваа тешка приказна и да има среќно детство, исполнето со здравје и многу љубов. Доколку сакате и вие да им се оствари најголемата желба на Лука и неговото семејство, можете да помогнете вртејќи на телефонските броеви:
Телефон за донации за корисници на Телеком 070 143-144
Телефон за донации за корисници на Оне.ВИП 143-485

А исто така можете да извршите уплата на следната сметка:
Сметка за донација: 380176980603113
Име и презиме: Игор Јовановски
Прокредит банка

Ви благодариме од срце на сите што помогнавте и што продолжувате да помагате! Во време кога институциите не функционираат –народот се здружува.
Забавата заврши, но хуманоста не!

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска