Заев на средбата со Каранза: Концептот на заедништво е новата сила што ќе ја поведе земјата напред

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Р.Македонија, Рамон Абароа Каранза.

На средбата се разговашае за актуелната политичка ситуација и заеднички беше констатирана важноста од отворање на европските перспективи на земјата коишто ќе ги вратат демократските процеси и ќе обезбедат добар живот за граѓаните.

,, Од исклучителна важност за земјата е да се почитува волјата на граѓаните кои одлучно се определија за промени и живот во Македонија. 612.000 граѓани со глас и пенкало поразија режим. Мнозинската волја на граѓаните мора да биде испочитувана до крај и од тие причини нашите очекувања се дека Никола Груевски до 29 јануари ќе го врати мандатот и дека ќе се формира нова и одговорна Влада согласно волјата на граѓаните. Новата Влада на граѓаните посветено ќе пристапи кон спроведување на реформските приоритети од извештаите на Прибе и Европската Комисија за да се отворат демократските процеси во земјата“ рече претседателот Заев.

Тој ја истакна важноста на концептот на заедништво што го избраа граѓаните и рече дека тоа е новата сила и енергија што ќе ја поведе земјата напред кон стабилна и економски просперитетна иднина за сите нејзини граѓани.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда