Комисијата за правила, имунитети и институционални прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска едногласно усвои декларација, откако повеќе членови на ПССЕ го побраа тоа, по наводите за корупција и промовирање на интереси против одделни членови или поранешни членови на на ПССЕ, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
„Наводите за корупција и промовирање на интереси формулирани против одделни членови или поранешни членови на Парламентарното собрание неодамна беа откриени и нашироко пренесени во европските медиуми. Таквите тврдења, ако се докажат како точни или неточни, го поткопаа имиџот и кредибилитетот на Собранието како институција, а со тоа и угледот на секој од неговите членови. Неколку парламентарни делегации беа вознемирени од оваа ситуација и повикаа на брз и решителен одговор“, се вели на почетокот од деларацијата,
Комисијата за правила, имунитети и институционални прашања, понатаму потсетува дека од пред неколку години таа одлучно се залага и го промовира, во рамките на својот мандат, интегритетот и транспарентност во работењето на институцијата, вклучително и во Парламентарното собрание. Комисијата смета дека е надлежна да одлучува како оваа ситуација води до измени во работа на Собранието, како и во политиките и постапките утврдени со Кодексот за однесување за членовите на Парламентарното собрание.
Како одговор на барањата од повеќе национални делегации при Парламентарното собрание, на барање на голем број членови и повиците од страна на меѓународните невладини организации кои работат на полето на заштита на човековите права и борбата против корупцијата, Комисијата има намера да испрати јасна порака за „нула толеранција за сите форми на корупција“. Таа е подготвена да ги зајакне правилата и механизми на однесување ако се покаже дека овие правила не се направени доволно ефикасно да се спречат ваквите наводни прекршувања на Кодексот на однесување за членовите на Собранието .
Комисијата ја поздравува поддршка и експертиза на Групата на држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), што придонесува за нејзините напори да обезбеди на Собранието силна етичка рамка и да се увери дека тоа е ефикасно исполнети. Собранието, како институција, мора да продолжи да работи на почитување на човековите права, демократијата и владеењето на правото, во мир, ослободено од сите обвиненија и сомневања за несоодветно однесување, смета неговата комисија.
Комисијата бара од Бирото на ПССЕ да создаде надворешна и независна група за истрага за да се оцени работата на ПССЕ и да се разјаснат невидливите практики кои ја промовираат корупцијата и да се врати довербата во Парламентарното собрание, во неговите постапки и одлуки.
Комисијата е подготвена да даде своја експертиза во изработката на мандатот на оваа група.
Комисијата за Деловник го повика Бирото на ПССЕ да се дејствува со голема посветеност за набрзо да се стави крај на сите претпоставки кои можат да ја потхрануваат критиката на Собранието.
Во извештајот на (Европска иницијатива за стабилност) на ЕСИ за некои тековни практики во Парламентарното собрание на Советот на Европа, една од најважните институции во одбраната на човековите права на планетата, објавен на 16 декември, се изразени сомневања и бројки дека Азербејџан со своите извори на енергија, според истражувањето успеал да влијае во ставовите за човековите права на оваа европска институција со поткуп на повеќе парламентарци, членови на ПССЕ. „Корумпираните“ се од различни националности, од повеќе групи. Се зборува за подароци, кавијар луксузни часовници, слободно патување, проститутки, но исто така и големи суми на пари.
Без да навлегуваме во детали (сите имиња се споменуваат во извештајот на ЕСИ). Еден од водечките парламентарците е осомничен дека влегол во „фаустовски договор“ со Азербејџан и добил, покрај различните нелегални бенефиции и плати, еквивалент на 2,4 милиони евра за две години. Многу пратеници, шпански, британски, полски и француски се во оваа истрага од страна на НВО, а меѓу нив и претседателот на ПССЕ е наведен меѓу главните осомничени во извештајот на ЕСИ.