Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје доби сертификат за акредитација на три години

Од:

Сертификат за акредитација на три години за висок квалитет на здравствени услуги доби ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје, кој е прв во Република Македонија со овој рок.

На директорката на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје, Ленче Нелоска сертификатот денеска и го врачи директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, Елизабета Зисовска.

Зисовска му честиташе на Геронтолошкиот завод „13 Ноември” за стекнувањето статус акредитација на три години, бидејќи тоа, како што рече, е многу голем успех.

– Ова ни е прва акредитација на три години и ова нека биде апел до сите болници малку да забрзаат со процесот на подготовка за да пуштиме тим на надворешно оценување за да се стекнат со статус за акредитација. Сите акредитирани болници – досега имаме седум сертификати издадено, покажаа дека процесот на акредитација е можен и е успешен, рече Зисовска.

Геронтолошкиот завод „13 Ноември” – Скопје, нагласи, се вклучи една година подоцна од другите болници и покажа дека за година ипол постигна и многу повеќе, односно акредитација за три години, додека другите болници за две ипол години не можат да дојдат до степен да пуштиме надворешни оценувачи.

Таа посака и натаму успешна работа на Геронтолошки завод „13 Ноември” и наредната акредитација да биде на пет години, бидејќи како што посочи, според законот, акредитација на здравствена установа може да се добие на една, три и пет години.

– Доколку Геронтолошки завод „13 Ноември” успешно и натаму работи, како што работеше досега постигнувањето акредитација на пет години е многу можно и реално, додаде Зисовска.

Нелоска рече дека сертификатот е доказ дека тоа што го работат години наназад потврдило дека се на вистинскиот пат и вистинскиот начин за функционирање на таа јавна здравствена установа.

– Овие години наназад на континуирана работа, на реновирање на институцијата, купување нова опрема, проширување на капациетитите, отворање на амбулантите, воведување нови методи, процедури и протоколи доведоа до тоа ние навистина за едно рекордно кратко време да успееме да сфатиме што е тој процес на акредитација и сме многу горди што сме првата установа што ја доби оваа акредитација на три години, рече Нелоска.

Одговарајќи на новинарско прашање Зисовска рече дека надворешното оценување го прават независни експерти кои поминале обука по програма акредитирана од Медицинскиот факултет кои даваат оценки за секој критериум.

– Има околу 460 критериуми зависно од службите кои се во една установа. Секој критериум добива оценка, софтверски се пресметува и системот на оценување на болницата натаму оди во тие три категории исполнување на минимум три услови односно на една година треба да има вкупно оценки 4 и 5 меѓу 40 и 50 проценти, оцени 1 и 2 да има помалку од 20 проценти и има еден сет на задолжителни критериуми кои се строго специфични за безбедноста на пациентите и тие мора да бидат оценети со 4 или 5, потенцира Зисовска.

За три години, појасни, расте процентот на оценки со 4 и 5, критериуми оценети со 4 и 5, а се намалува процентот за 1 и 2. Според неа, тоа е многу објективен систем за да нема субјективизам.

– За пет години превисоки се барањата. Бидејќи процесот е многу нов ние очекуваме полека да се оди кон таа максимална акредитација. Треба над 70 проценти од критериумите да се имплементирани и оценети со 4 или 5 и да се под десет проценти со оценки 1 и 2. Во периодот меѓу акредитација и реакредитација најмалку еднаш годишно се спроведува редовен мониторинг, а по потреба или по пријава на пациент се спроведува и повеќе пати од независни експерти, додаде Зисовска.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја