Мировен план за Блискиот исток во 2017 година

Од:

Ал Џезира – Доха

Во 2016 година конфликтите на Блискиот исток продолжуваа да се шират надвор од рамките на палестинско-израелското прашање кое беше доминантно во регионалната политика долги години. Со влегувањето во 2017 година, четири клучни земји Ирак, Либија, Сирија и Јемен, се растргнати со граѓански војни.

Конфликтите на Блискиот исток се рефлектираат на светот со извоз на тероризам и бегалци, што дополнително го јакнат популизмот и авторитарноста на Западот, од кои речиси ниту една земја не е поштедена. Во годината која е пред нас, светот ќе биде под се поголем притисок, повеќе од било кога, да почне да ги решава конфликтите на Блискиот исток и нивните опасни ефекти кои се прелеваат на остатокот од светот.

На самиот почеток, заживувањето на израелско-палестинскиот мировен процес мора да биде на врв на приоритетите. Иако овој конфликт не привлече големо внимание во последните години, како што беше случај во минатото, решавањето на прашањето на окупацијата на палестинските територии и континуираната хуманитарна криза е еднакво важно како и порано.

Постигнување на договор, кој би се темелел на јасни услови и кои би го поддржале Обединетие нации, Европската унија и остатокот од меѓународната заедница, на Израел би обезбедило сигурност и би ги нормализирало односите во регионот, посебно со арапските соседи. Тоа би создало прилики за регионална и глобална соработка, а со тоа исто така ќе се врати исклучително потребниот кредибилитет на самиот меѓународен систем.

Можеме само да се надеваме дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе ги продолжи мировните напори на САД; а дека неговата реторика за Палестина и статусот на Ерусалим во текот на предизборната кампања нема да биде предлжена политика на САД.

Франција, мора да се признае, покажува интерес за заживување на мировниот процес, дури и кога трпи напади од терористите под покровителство на Исламската држава Ирак и Левант ИСИС. Русија исто така, неодамна се обиде да ги доведе палестинските и израелските лидери на преговарачка маса во Москва, иако помага на сирискиот претседател Башар ал-Асад во граѓанската војна во таа земја.

Неодамнешните иницијативи кои ги предложија овие држави упатуваат на тоа дека меѓународната заедница е нестрплива да го реши најдолгиот конфликт на Блискиот исток, за да помогне да ја спречи плимата на тероризмот и другите глобални проблеми кои доаѓаат од овој регион.

Арапската мировна иницијатива

За да се унапреди процесот за воспоставување на мир во 2017 година, меѓународната заедница треба да ја прифати Арапската мировна иницијатива АPI која ја изнесе рахметли кралот на Саудиска Арабија Абдулах бин Абдул Азиз во 2002 година. Овој план веќе добро го прифатија сите страни во конфликтот, а го поддржува и Арапската лига.

Кога се работи за Ирак, Либија, Сирија и Јемен, меѓународната заедница мора да продолжи да ја координира заедничката воена кампања против терористичките упоришта во секоја земја. Меѓутоа завршувањето на овие конфликти ќе бара политички решенија.

Иако веќе се изнесени предлози за поделба на овие држави, тие не можат да бидат имплементирани додека сите страни не се согласат за тоа. Всушност, не е сигурно дека основањето на нови држави би било полесно од обидите овие држави да се задржат во своите граници.

Странските елементи кои се мешаа и неодговорниот поранешен лидер на Блискиот исток, ја отворија Пандорината кутија во регионот, почнувајќи од војната во Ирак. Тоа што светот треба да го научи од овој политички дебакл е дека отцепувањето на земјите може ќе има далекусежни, непредвидливи геополитички последици/

Одредени фракции во Ирак и Сирија и понатаму го капитализираат фактот дека постои вакуум во смисла на системот и редот во овие држави и поставуваат максималистички цели кои само ќе го поттикнат и понатаму реваншизмот и судирите во регионот. Било кое решение кое ги присилува луѓето да ги предадат териториите или ресурсите кои ги сметаат за дел од својата национална оставнина само дополнително ќе ја влоши состојбата.

Посреднички војни

Посредничките војни кои се водат во Ирак, Либија, Сирија и Јемен многу често се опишуваат како секташки конфликти меѓу муслиманите шиити и сунити. Меѓутоа, еден од главните фактори кој дополнително ја разгорува секташката борба е недовербата меѓу Иран и Саудиска Арабија. Договорот на овие две регионални сили би имал позитивен ефект на многу локални конфликти во регионот.

Според тоа, секташките судири треба да се решат со политички напори на високо ниво кои би ги прифатиле моделите на помирување, како „Исламската иницијатива за приближување”, која во април 2016 година ја изнесоа Турција и Казахстан во рамки на 13 самит на Организацијата на исламската соработка. Без сомнеж, односите меѓу Иран и Саудиска Арабија се многу тензични, но овие две земји се договорија за многу прашања од минатото и не недостасуваат историски примери на мирен соживот на шиитите и сунитите.

Без амбициозни напори со цел повторно да се пријде на тоа прашање, граѓанските војни и тероризмот ќе продолжат да предизвикуваат огромни разорувања на Блискиот исток. Дојде до застој на трговијата, индустријата и транспортот во големи делови на Ирак, Либија, Сирија и Јемен, што негативно се одразува на економијата на целиот регион.

Во неодамнешниот извештај на ММФ се опишува дека вооружениот конфликт го нарушува развојот и ја зголемува инфлацијата во регионот. Овој извештај предупредува дека иако овие трошоци е можно да се спречат со помош на одредени политички интервенции, не постои волшебно решение без завршување на насилствата.

Конфликтите на Блискиот исток не ја уништуваат само економската инфраструктура и индустриските постројки, тие исто така го уништуваат системот за здравствена заштита, образовните услуги, културно-историското наследство и многу други општествени институции.

Проекти за реконструкција

Според алармантниот извештај на УНИЦЕФ, на милиони раселени деца и младина им е скратено образованието, а тоа ги прави неактивни и беспомошни. Тие стануваат неспособни за работа било каде, што имплицира на несогледливи економски и социјални трошоци во иднина.

Всушност, било кој успешен напор во следните години да се заврши конфликтот на Блискиот исток мора да биде проследен со големи проекти за реконструкција, темелени на Маршаловиот план со кој повторно се градеше Европа по Втората светска војна, за да спречи земјите повторно да не појдат во војна.

Политичките реформатори во регионот, на врвот на регионалниот дневен ред мора да ги постават принципите како човековите права, владеењето на законите, транспарентноста и добро управување. Во 2017 година, земјите кои ги избегнаа конфликтите треба да ја зачуваат својата релативна стабилност, за да помогнат да се стабилизира остатокот од регионот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

ВИДЕО: Подготвени сме за копнената офанзива на Израел порача заменик-шефот на Хезболах

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео

ВИДЕО: Израел го нападна центарот на Бејрут, убиен лидерот на Хамас за Либан