„Њујорк тајмс“: Трамп планира намалување на улогата на САД во ОН

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп поготвува укази со кои драстично ќе се намали улогата на САД во Обединети нации и во другите меѓународни организации, објави „Њујорк тајмс“.

Весникот посочува дека со указите ќе биде поставено начелото за преразгледување и за потенцијално анулирање на некои форми на мултилатерални договори.

Указите предвидуваат дури намалување на члeнарината на САД за некои агенции на Обединети нации и меѓународни организиции, како и ревизија на серија договори.

– Се предвидува намалување до 40 проценти на американското финансирање на ОН и на другите организации, наведува „Њујорк тајмс“.

Вториот проект на укази предвидува мораториум на сите мултилатерални договори, кои не се директно поврзани со националната безбедност, екстрадицијата или со меѓународната трговија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени