Во синоќешните судири кои избија во Каиро помеѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси, загинаа најмалку пет лица.
Министерството за внатрешни работи на Египет соопшти дека во текот на ноќта повредени се 276 луѓе, од кои 35 се полицајци.
Истовремено агенцијата Франс прес извести дека египетската војска пред претседателската палата распоредила тенкови и оклопни возила.
Синоќешните улични борби беа најинтензивни, откако започна кризата во Египет, на 22. ноември кога Морси го усвои декретот и си даде на себе пошироки овластувања.
Опозицијата за денеска најави нови протести и ги одби сите повици за дијалок, додека нацрт уставот не се отфрли.