МЖСП предлага мерки до Владата за намалување на загадувањето

Од:

Воведување сообраќаен режим пар-непар, односно предлог за измена на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Владата да ги задолжи сите државни и јавни институции и да им препорача на локалните самоуправи за 50 отсто да го намалат користењето на службените возила.

Ова се мерките кои ги предлага Министерството за животна средина и просторно планирање до Владата за намалување на загадувањето.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, ресорниот министер Башким Амети денеска се сретнал со претставници на граѓанските здруженија и дискутирале за актуелните проблеми со квалитетот на амбиенталниот воздух и за предлог-мерките за намалување на аеро-загадувањето.

– Целта на оваа средба беше преку неформален дијалог со претставниците на невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика да се разгледаат и продискутираат конкретни, применливи мерки кои во краток временски период ќе дадат видливи резултати во намалување на загадувањето на воздухот, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата