Владата во Берлин воведува патарини

Од:

Германската влада на својата денешна седница донесе одлука за воведување на патарини на германските автопати, со кои ќе се прибираат средства за одржување на меѓународни и регионални патишта, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Најновата одлука на владата во Берлин е донесена откако Германија го надмина спорот со Европската Комисија која се закани со тужба поради дискриминација на странските возила кои што ќе мора да плаќаат за користење на националните автопатишта.

Според новиот предлог, највисоката патарина за странски возила меѓу кои се и возилата од другите земји членки на ЕУ ќе биде 130 евра, а таа ќе зависи пред се од нивото на емисија на штетни гасови на возилата. Првичниот план на германската влада, со кој не се согласи Брисел, беше сите возачи да плаќаат патарина во висина од 165 евра годишно, којашто на германските сопственици на автомобили ќе им се компензира при годишната регистрација на возилата што значеше дека практично патарина во Германија реално ќе плаќаат само странските возачи.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ