Германската полиција спроведе масовна акција против крајно десничарски екстремисти

Од:

Германските власти изутрината спроведоа масовна акција за претрес на 12 апартмани во сопственост на крајно десничарски екстремисти во шест покраини.

Според полицијата во акцијата во покраините Баден Виртенберг, Берлин, Бранденбург, Долна Саксонија, Рајна Палатинат и Саксонија Анхалт се барале докази против седуммина членови на групата „Рајхсбургер“ или „Граѓани на рајхот“, кои што планирале напади врз полициски службеници, баратели на азил и Евреи.

– Целта на денешните претраги е да се обезбедат натамошни докази за формирање формална група, како и докази за наводните планирани криминални акти и средства за нивно извршување, се вели во изјавата за медиумите објавена од германското Обвинителство.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин членовите на оваа неонацистичка организација кои што не го признаваат правниот поредок на Германија и се залагаат таа да биде организирана по урнекот на „Третиот рајх“ формирале терористичка организација, а веќе набавиле оружје и муниција.

Според германските медиуми движењето „Рајхсбургер“ станува се помасовно и досега има околу 4500 членови во Германија, што е причина германските разузнавачки агенции повторно да ја стават на листата на органзации кои што се под набљудување.

Шесте членови на „Рајхсбургер“, кои што биле директно инволвирани во планирање на кримминални акции и седмиот, кој вршел набавки биле поврзани преку социјалните мрежи, нападите почнале да ги планираат минатата пролет, но засега службите не пронашле цврсти докази за конкретни терористички активности.

Членови на групата во октомври убија полицаец кој учествувал во претрс на дом во сопственост на „Граѓанин на рајхот“ во Баварија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани