Најмалку 12 лица се убиени, а 25 се ранети во денешниот напад врз хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, јави телевизијата Ал Џазира.
Нападот го извршила сомалиската исламистичка групација Ал Шабаб.
Две експлозии одекнаа пред влезот на хотелот „Даја“ во период од еден час, а вооружени мажи потоа отворија оган кон обезбедувањето.
Во хотелот се наоѓаат околу 20 сомалиски пратеници, но никој од нив не настрадал.