Хан: Само широко парламентарно мнозинство може да ја врати Македонија на европскиот пат

Од:

Европскиот комесар задолжен за европската соседска политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан во обраќањето до Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се осврна на ситуацијата во Македонија и формирањето на новата влада.

„Пред две години постигнавме договор со земјата кој има за цел да го поддржи процесот на реформи за да се приближи до ЕУ. Во рамките на тој процес, требаше да одржат предвремени избори, тоа е направено во декември. Сега земјата треба да се стекне со влада и се надевам дека земјата ќе влезе во транзициска фаза која ќе и дозволи да создаде влада која ќе може да се потпри врз едно уставно мнозинство“ рече Хан.

Тој го нагласи проблемот со името како еден од најважните предизвици за нашата земја.

„За тоа ќе биде потребно уставно мнозинство. Се надевам дека во идните недели ќе успееме да забележиме напредок. Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството со цел да продолжи да отврора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори едно по друго. Но, потребно е за тоа да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки“ заклучи Хан во одговорот.

Јоханес Хан пред ПССЕ на повеќе пати повтори дека за сите земји кандидати кои теженат да влезат во ЕУ потребно е почитување на нормите на Советот на Европа и пред се на правната држава.

Би можело да ве интересира

Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе бидат именувани новите министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

(ВИДЕО) Филипче: Историски се задолжуваме за шест милијарди евра, Владата крие детали

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата