СДСМ: Трајановски ќе даде отчет за криминалите

Од:

„Граѓаните на Скопје знаат дека Коце Трајановски не направи ништо за нивните реални потреби. Тој ги остави да се гушат во загаден воздух поради тоа што не ја спроведе гасификацијата.

Нивни деца мрзнат во училиштата поради неисправни инсталации на големиот студ и минусните температури. Поплави одзедоа животи на деца поради тоа што нема атмосферска канализација во сите делови на главниот град.

Граѓаните на главниот град на Македонија, во 21-от век се оставени без елементарни услови за живот, водоводи, одводи, безбедни патишта и тротоари, енергетски фасади. Сето ова се случува, бидејки Трајановски со Никола Груевски со години ги задолжува скопјани во милиони евра за панорамски тркала, лажен барок, за криминалниот проект Скопје 2014, воден од тендер интреси.

На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење.

Граѓаните на 11 декември рекоа НЕ на Трајановски, Груевски и на криминалните власти и побараа нова одговорна Влада што ќе се грижи за нивните проблени, потреби и нивното здравје“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме