Судир на два товарни брода во Северно море, четворица загинати

Од:

Четири морнари загинаа во судирот на два товарни брода во Северно море, крај брегот на Холандија, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на портпаролот на холандските спасувачки патроли.

По седуммина морнари се уште се трага.

Судирот се случил меѓу 148 метри долгиот „Балтик ајс“, што пловел под знамето на Бахами, и 134 метри долгиот „Корвус Џеј, што превезувал контејнери, а пловел под знамето на Кипар.

До сударот на бродовите дошло на околу 40-50 километри од холандското пристаниште Ротердам, чија работа не е променета заради несреќата.

На палубата на потонатиот „Балтик ајс“ имало 24 морнари.

На четири спасувачки чамци се пронајдени 13 членови на екипажот. Тие биле евакуирани на безбедно место со хеликоптери.

„Балтик ајс“ пловал од белгиското пристаниште Зеебриж до пристаништето Котка во Финска.

„Корвус Џеј“ пловал од Грејнџмаунт во Шкотска до Антверпен во Белгија.

Пристаништето во Ротердам е најголемо во Европа, потсетуваат медиумите

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ