„Стандард енд пурс“ повторно го намали кредитниот рејтинг на Грција

Од:

Американската рејтинг агенција „Стандард енд пурс“ ја намали оценката на Грција од ЦЦЦ на делумен банкрот, што е еден степен пред прогласување на инсолвентност.

Оваа вест доаѓа во момент кога Грција ја почна сложената програма за откупување на државните обврзници, која има за цел да ја деблокира помошта од нејзините кредитори.

Агенцијата го намали рејтингот  на Грција на нивото делумен банкрот во февруари, а потоа го зголеми во мај на нивоот ЦЦЦ.

Мотивите за новото намалување се уште не се познати. Делумниот банкрот значи дека агенцијата смета оти Грција нема да може да ги исполни задолженијата за исплаќање на дел од нејзиниот долг.

Првите резултати од операцијата за откупување на дел од државните обврзници ќе бидат познати на 13 декември.

Епицентарот на кризата во еврозоната – Грција се уште очекува исплаќање на околу 44 милијади евра помош, блокирани неколку месеци од нејзините кредиотри Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција