Рајт: Британската Влада разочарана од одлуката на Врховниот суд

Од:

Британскиот правобранител Џереми Рајт денеска изјави дека Владата ќе ја примени одлуката на Врховниот суд, кој претходно соопшти дека премиерката Тереза Меј мора да добие одобрение од Парламентот пред да ја покрене формалната процедура за излегување од Европска унија.

– Секако, Владата е разочарана од исходот, но ќе почитува одлука на Судот и ќе направи се што е потребно за да ја примени, посочи Рајт.

Велика Британија ќе покрене правна процедура за излегување од ЕУ до крајот на март и покрај одлуката на Врховниот суд.

– Британците гласаа за напуштање на ЕУ и Владата ќе ја спроведе нивната одлука со активирање на членот 50 како што е планирано, до крајот на март, изјави портпаролот на британската премиерка Меј.

Тој додаде дека Владата ќе ја почитува одлуката на Судот, и наскоро во Парламентот ќе ги одреди своите следни чекори.

Врховниот суд денеска пресуди дека британската Влада мора да добие поддршка од Парламентот за отпочнување на формалниот процес за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Истата одлука Врховниот суд ја донесе и во ноември, но британската Влада се жалеше и повторно го загуби процесот.

Претходно, лорд Науберг објасни дека Судот не зазема став дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ или не, туку само е заклучено дека за активирање на членот 50 мора да се гласа во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно