ДС: Кристално јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се во можност да формираат Влада

Од:

„Давање на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на Влада без да презентира дека има мнозинство во Парламентот, се покажа крајно неодговорно, кршење на Уставот и продлабочување на кризата.

Граѓаните очекуваат промени на подобро, а не пазарења со националните и државните интереси. Албанците што гласаа за и против ДУИ исто така се за промени, така да ДУИ нема голем маневарски простор преку тајни преговори да глуми дека ќе ги разреши сите отворени проблеми.

Засега е кристално јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат мнозинство и дека не се во можност да формираат Влада. Тоа Али Ахмети го знае и затоа ДУИ треба да соопшти дека немаат доволно поддршка за избор на Влада.

Но и без тоа набрзо ќе се види апсурдноста на губењето време со некаква националистичка платформа за дневно политички потреби.

Никола Груевски треба да го врати мандатот и истиот да се даде на партиите кои јавно ќе презентираат дека имаат 61 пратеник, колку што се потребни за избор на Влада“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада