Еден од најпознатите водители на Би Би Си, Стјуард Хол, е обвинет за непристојно однесување кон три деца, пренесоа светските агенции.
Осумдесет и двегодишниот Хол, познат по своите шеговити коментари на британските фудбалски натпревари на „Радио Пет“ на Би Би Си, беше уапсен во својот дом во Вилмслоу, во близина на Манчестер. Потоа беше пуштен на слобода со кауција.
Би Би Си веднаш го отпушти од работа.
Криминалот за кој новинарот е обвинуван датира од 70-те и 80-те години на минатиот век и е извршен кон девојче и две момчиња на возраст меѓу девет и 16 години.
Ова е последен удар врз Би Би Си, растресена од скандалот со прикривање на педофилските афинитети на својата ѕвезда Џими Савил, и со неточните обвиненија за педофилија против британски политичар.
Засега не е познато дали обвиненијата против Хол се поврзани со аферата Савил, посочуваат француските медиуми.