Левица: Продолжува судскиот прогон против наши истакнати членови

Од:

„Денес, во 11.30 е закажано ново рочиште на судскиот процес против Мариглен Демири поради учество во протестите минатата година.

Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжуваат. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски.

Левица претставува трн во окото за многумина. Се применуваат различни методи да се спречи нејзиниот раст, посуптилни и помалку суптилни. Помеѓу тие методи е и поведувањето на судски процеси против членови на Левица и нивно одолговлекување до недоглед. Но ние порачуваме: нема да потклекнеме, нема да нè скршите! Нашето време доаѓа“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права