Околу 70 пожарникари се борат да се справат со огнот кој што зафатил неколку стамбени објекти во источен Лондон. Пожарот започнал по експлозија која што се случила на приземјето од стамбена зграда со три ката.
Причината за експлозијата засега останува непозната, а според полициски извори повредени се најмалце пет жители. Четири биле веднаш превезни во болница, а едно лице само се јавило во Брзата помош со повреди.
Од полицијата апелираат возачите да го избегнуваат овој регион бидејќи затворени се патишатата, а од противпожарникарните служби најавуваат дека прават се што е во нивна моќ за гаснење на пожарот и спасување на жителите на зградите во близина.