На „Ало докторе“ за една недела 1.543 повици

Од:

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 16 јануари до 22 јануари) имало 1.543 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 134.982 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски