Американско воено товарно возило кое пренесувало муниција за тенкови, се превртелo ноќеска на автопатот во полското Љубушко војводство во западниот дел од земјата при што дел од муницијата испаднала на патот, соопшти полското министерство за одбрана.
„Возачот на камионот возел со брзина неприлагодена за условите на патот. Ја загубил контролата над возилото и излетал надвор од коловозот. Дел од превезуваната муниција се растурила на коловозот“, се наведува во изјавата на министерството за одбрана на Полска.
Поради гранатите на патот во близината на градот Свидница бил блокиран сообраќајот од полската воена жандармерија, полицијата и противпожарната служба, пренесува телевизијата tvn24. Се додава дека американските војници и полските пиротехничари до утринските часови работеле на отстранувањето на последиците од инцидентот.
Министерството додава дека двајцата американски војници, возачот и совозачот, биле полесно повредени и им била укажана медицинска помош.