Повик за склучување договори за огревно дрво

Од:

Подружницата на „Македонски шуми” во Кавадарци објави повик за склучување договори за обезбедување огревно дрво и техничка дрвна маса.

За дрва за огрев може да аплицираат синдикати во претпријатија, здруженија на пензионери и физички лица од Кавадарци, Росоман и евентуално Неготино, а за техничка дрвна маса пилани од цела Македонија.

– Физичките лица може да ги плаќаат дрвата за огрев во готово или на шест рати. За социјално ранливите категории на граѓани постои можност за плаќање на осум и повеќе рати, добиваат попуст од 10 проценти доколку платат во готово, а и за едните и за другите трошоците за транспорт на огревното дрво се на товар на Јавното претпријатие „Македонски шуми”, појасни за МИА директорот Слободан Климовски.

Склучувањето договори за обезбедување дрва за огрев на рати ќе почне од први февруари. Испораката ќе биде по плаќањето на последната рата.

Климовски нагласи дека минатата година била рекордна во производството на огревни дрва во подружницата „Бор”, имајќи ги во предвид последните дваесет години. Биле произведени околу 25 илјади кубни метри бука и даб за греење.

– Годинава планот е приближно идентичен како и лани. Тука се и околу 22 илјади кубни метри техничка дрвна маса, за која може да аплицираат пиланите, а за која договорите се склучуваат во дирекцијата на „Македонски шуми” во Скопје. Ние сме најголема подружница по производство на дрвна маса воопшто и на техничка дрвна маса во цел систем на претпријатието, рече Климовски.

Повикот за склучување договори трае до 31 март оваа година.

Би можело да ве интересира

„Нема да ви пишеме казна, ама ќе ви ги земеме дрвата“ – уапсени вработени во Национални шуми

Анита Петровска Рајковиќ

Фалсификувал дозволи за сечење дрва – наплаќал по 200 евра од камион

Анита Петровска Рајковиќ

Кумановка измамена при набавка на огревно дрво

Администрацијата на Бајден планира да засади над една милијарда дрва во САД

Германците навалија на „Смедеревац“ печки на дрва и камини – се чека и по една година

А1он

Нелегална сеча на дрвја во Националниот парк „Пелистер“

Ана Ололовска