Само неколку часа му требаа на новиот претседател Доналд Трамп да ја измени Овалната соба која сега е во златна боја.
Промените се направени од подот па се до таванот забележаа новинарите кои беа повикани да го фотографираат Трамп како потпишува документи во првите часови откако стапи на должност.
Исчезна големиот кружен ќилим од времето на Барак Обама со цитати од изјава од екс претседателот. Заменет е со ќилим во златна боја, како што имаше Џорџ Буш.
Црвените завеси исто се заменети, и се во златна боја. Дел од намештајот е заменет, а Трамп ја има задржано само работната маса која ја користеле сите претседатели.