Американците ми нудеа пет милиони евра за информација каде се крие Радован Караџиќ, тврди Лука Караџиќ, брат на првиот претседател на Република Српска.
Братот на Радован Караџиќ, кој исто така заедно со сопругата и ќерката на Радован Караџиќ повеќе од една деценија се наоѓа на црната листа за влез во САД тврди дека во понудениот пакет било и прекинување на санкциите кон целото семејство.
-Еден службеник од Амбасадата на САД во Белград ни понуди пет милиони евра во замена за информација која ќе доведе до апсење на Радован Караџиќ. Ни нудеа се можно, тврди Лука Караџиќ.