Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Вардар Про вечерва во СРЦ „Кале“ го пречекува водечкиот на табелата Загреб во дерби пресметката на регионалното ракометно натпреварување. По елиминацијата од ЕХФ купот „црвен0 црните“ се фокусираат на настапите во СЕХА лигата до стартот на акцијата во домашната Суперлига.
Избраниците на Веселин Вујовиќ неколкупати во изминативе години се соочуваа со хрватскиот шампион, одигрувајќи интересни и неизвесни пресметки, а на завршниот турнир во хрватската метропола на крајот од минатата сезона во СЕХА Вардар со триумф над Загреб си го отвори патот до титулата во премиерното издание на ова натпреваривање.
Вчера Нексе со 27-25 ја совлада Слога Добој, додека денеска се среќаваат и Извиѓач – Мешков Брест. Утре силите ќе ги одмерат Борац Бања Лука – Металург, а во текот на викендот ќе се сретнат Мешков Брест – Татран Прешов и Нексе – Вардар Про.
Табела: Загреб 22 (10 меча), Нексе 22 (12), Металург 18 (9), Татран Прешов 18 (10), Вардар про 17 (9), Ловќен 17 (10), Мешков Брест 13 (8), Извиѓач 9 (10), Борац БЛ 7 (10), Слога 0 (11).