Кумановчанка го истепала мажот, па му ја киднапирала швалерката

Од:

32-годишна кумановчанка физички се пресметала со сопругот, а потоа со безбол палка ја истепала и неговата пријателка.

Како што соопштија од полицијата, кумановкчанката завчера околу 18:30 часот отишла во семејната куќа на нејзиниот сопруг и започнала расправија со него, по што го нападнала и му нанела повреда по главата.

По физичката пресметка со сопругот, изреволтираната кумановкчанка отишла во домот на 10 години помладата кумановкчанка, инаку блиска пријателка на нејзиниот сопруг и почнала да ја навредува. Со бејзбол палка и се заканувала дека ќе ја убие ако продолжи да се дружи со нејзиниот сопруг, а потоа насилно ја внела во нејзиниот автомобил каде ја тепалa со палката, па ја однела во домот на свекрвата и повторно ја навредувала.

Полицијата против насилната кумановкчанка поднесе кривични пријави за насилство, противправно лишување од слобода и за телесна повреда при семејно насилство.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски