Од многу снег, синоќа паднало дрво и го блокирало патот Дојран-Богданци. Патници кои се затекнале на патот, барале помош од Македонија пат да дојде со механизација и да го отстрани дрвото. Останале да чекаат така повеќе од три часа, но никој не се појавил од „Македонија пат“.
Помош стигнала од жител на Богданци кој дошол со моторна пила за да го ослободи патот. Еден од тие што биле заглавени порача на Фејсбук:
-Нека ви е на чест и со среќа да ги трошите парите што ги земате господа од „Македонија пат“.