Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж е подготвен да замине во САД за да се соочи со обвиненијата, за кои тој тврди дека се поднесени поради неговите вознемирувачки активности, само доколку бидат „гарантирани неговите права“.
– Асанж е подготвен да дојде во САД под услов да бидат гарантирани сите негови права, се наведува на Твитер профилот на „Викиликс“.
Тоа е објавено откако американскиот претседател во заминување Барак Обама, три дена пред завршување на својот мандат, синоќа донесе одлука за помилување односно ослободување или намалување на казните за над 200 затвореници, меѓу кои и трансродовиот војник Челси Менинг, кој е осуден во август 2013 година на 35 години затвор за шпионажа, по објавувањето на документите на Викиликс.
Според одлуката на Обама, Менинг ќе излезе од затвор во мај.