Врховниот суд на Велика Британија ќе одлучи во вторник, 25 јануари, дали премиерката Тереза Меј може да почне процес за излегување од Европска унија без дозвола од Парламентот.
Меј претходно наведе дека до крајот на март ќе го активира Членот 50 со што ќе почне Брегзит, а Владата за тоа може да одлучува без одобрение од пратениците.
Високиот суд во ноември минатата година одлучи дека би било противзаконски Меј сама да го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор, за што Владата се жалеше до Врховниот суд.