На која возраст детето почнува да формира реченици?

Од:

Вашето бебе веќе кажува: мама, тато, баба, ајде, но се прашувате на која возраст почнува да спојува зборови во реченици и колку тие реченици треба да бидат долги. Еве што велат експертите:

Детето почнува да комуницира со еден збор, кој има значење на реченица. Зборот станува важен за конкретниот поим.

Детето со зборот објаснува повеќе предмети, личности, поими. Тоа е т.н. генерализација. На една година кога во својот речник треба да има дваесетина зборови со значење, почнува да составува едноставна реченица од два збора, на пример: „Мачето мјау“. Потоа додаваат глагол на пример: „Тато оди“, „Бато јаде“…

Утврдено е дека во детскиот говоро именките се застапени со окоу 60 отсто, а глаголите со околу 20 проценти. Придавките и прилозите се јавувуваат после една и пол година, додека предлозите и заменките се усвојуваат и користат во втората и третата година.

Збогатувањето на речникот оди поспоро во првата година за да се интензивира од втората година. Речениците стануваат покомпленти, имаат по две-три именки и глагол, но и натаму се прости реченици, на пример „Бато има автомобил“. Граматички и артикулациски се неисправни, но можат да се разберат.

Кон крајот на втората година детето ги проширува своие реченици со придавки, но себе се нарекува по име, бидејќи не користи заменки, на пример „Тања има убава коса“.

Како што расте детето така се менува и должината на речениците. До четвртата година треба да биде речиси полна и да содржи четири до пет зборови, а од пет години речениците треба да се комплетни и правилно артикулирани и да содржат до шест зборови.

Најголем проблем за децата претставува користење на заменки и глаголски времиња, како и користење на еднина и множина. Од третата година од животот детето треба да почне да усвојува и да користи граматички правила.

На развојот на речениците најголемо влијание има средината во која детето расте и колку семејството е вклучено во развојот на говорот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска