Специјалната болница „Филип Втори“ доби примерок од графичката мапа – Форми 1

Од:

Четвртиот примерок од графичката мапа – Форми 1 од Мице Јанкуловски денеска авторот му го додели на академик Жан Митрев кој како легат ќе го остави во Специјалната болница „Филип Втори“. „Форми 1“ е дел од проектот „70 графички мапи за 70 години Остен“ на галеријата „Остен“.

Авторот Јанкуловски појасни дека графичката мапа се реализира по повод високото признание на Остен кое го добил на 16 октомври во Париз за најголема светска посветеност на квалитетот.

– По тој повод во Париз беше реализирана оваа мапа со тираж од четири примероци заради библиогравската вредност. Првиот примерок во Париз го доби Хозе Прието, претседател на „Бит“ компанијата од Мадрид. Наредниот месец во ноември во галеријата „Хас“ во Берлин беше промовиран вториот примерок и му припадна на поранешниот државен секретар за одбрана на Германија и актуелен претседател на македонско-германското друштво за пријателство Волтер Колбо и во декември на Саемот за уметност во Солун беше изложен и третиот примерок. По изложбата мапата како дел од колекција остана во кабинетот на градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, истакна Јанкуловски.

Според него, четирите едиции на графичките мапи во четирите градови ги спојува посветеноста на квалитетот, а, како што рече, болницата „Филп Втори“ е еден таков пример кој има стандард на квалитет.

Мапата се состои од 10 графички листови со димензии 44 на 32 сантиметри во тираж од четири примероци.

Проектот „70 графички мапи за 70 години Остен“ почна да се спроведува во 2015 година со цел да се создаде библиотека на графички мапи „Светско културно наследство“.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада